Дека било јасно дека тој е уметник, дека тој не креира култура туку едноставно ја репрезентира, преуредена, изманипулирана и акцентирана по негова волја. (...) Мислел дека сме сфатиле, дека секој можел да увиди дека славата што тој ја произведуваше (за него и неговите суперѕвезди) не била вистинска слава, туку само репрезентација на слава, реторичка симулација на слава.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Целата идеја да ги испразни сите институции во Америка - затворите, приватните училишта и клубовите од внатрешноста - и да ги пренесе во своето студио учејќи да зборува преку медиумот на оваа бука, на нов народски јазик, сѐ уште вчудоневидува. (...) Сепак, на крајот Фектори беше осудена на пропаст поради сопствениот успех, поради светлината што ја фрли и поради контрадикциите на Ворхоловата личност што тој така извонредно ги отелотвори во Фектори како своја фикција - големата американска сказна: Неговата храброст и софистицираност, неговата не виност и несигурност -Дракула и Пепелашка-Дрела (Dracula and Cindarella - Drella), како што сите го знаеа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во културна смисла тоа беше триумфален експеримент.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Со својата фикција на Крлежа како Туѓманов советник тој себеси се легитимира како верен следбеник на хрватското револуционерно државотворство како јасно профилиран идеолошки концепт кој не е само резултат на супериорниот увид во стварноста, туку таа стварност, ваква кутра каква што таа денес е, допрва ја произведува и поткрепува.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)