Не знам дали погрешно мислев кога говорев дека им удираш бројки на луѓето и дека ги редиш како акти во своите фиоки, но тоа сега ми е сеедно.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И тој потем, сосема бавно, театрално, ја извади од својата фиока мојата песнарка на маса; на очите ми навреа солзи: делото на моите раце, единствениот примерок на мојата душа, оригиналот што ѝ го подарив на мојата Луција, сега се наоѓаше во влакнестите раце на Фискултурецот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)