По својата форма на формирање СОЕ претставувала хибрид формиран од повеќе одделни организации кои биле формирани за таа цел: од секција Д како дел од тајната известителна служба (Secret Intelligence Service-SIS), задолжена за изведување на саботажи и која била активна на Балканот пред 1941 година; МИР дел од воениот кабинет и Elektra House, задолжен за пропагандна активност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Шаховските известувачи, во куси реченици, констатираа дека тој не може да ја постигне својата форма, почнува доста добро, но брзо се заморува, расипува и добиени позиции и нема сили да го издржи финишот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Во таа смисла, светот на Ботеро е свет на сликичката, на “лубок” и во исто време, тој е толку сложен во својата конструкција; тоа е народен свет затоа што во таа “служба” за која веќе говоревме, народот не го познава лажниот срам, тој отворено говори за сѐ, за своите наклоности, своите желби, своите форми; него не го вежбаат во непотребните чувства, затоа што тоа ќе значеше да се посомневаш во среќата да бидеш она што си.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Затоа не ме зачуди што на сите страни, на едно огромно пространство, се поставени објекти, невообичаени по својата форма, кои се извишуваат високо со своите куполи, инајпосле, погледот се запира на највисоката - сончевата кула.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Стамбените згради, по својата форма, ќе се разликуваат од денешните.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во еден перформанс од 1965-та, качен на една платформа Бојс останува 24 часа на неа.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во Манреса перформансот од 1966-та, широко обликувани полу-крстови по својата форма нè потсетуваат на едно село во шпанија каде Игнатиус Лојола беше дојден како војник кој бара ослободување од гревовите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Како што современите астрономи глобуларните јата на спиралната галаксија, ги нарекле галаксија сомбреро, бидејки со својата форма тие глобуларни јата се слични на шпанско и латинско- американско сомбреро.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Нивниот суштински проект не беше сликарски проект; Duchamp се обидуваше на традиционалните сликарски средства да им ги придружи оние најмалку очекуваните: користејќи ги, за создавање на своите форми, по ред, оловната жица, калајот, прашината, талкот, колачот од бадем и чоколадото во прав, како што Leonardo потполно сам пронајде нов начин да се излие бронзен коњ, но и експериментирајќи со ѕидното сликарство, почнувајќи од техниките кои веќе немаат никаква врска со фреско-сликарството, туку се потпираат на температа и енкаустиката.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Се занишав. Во надојдената темница на ковчегот ја немаше својата форма, тајната под капакот не беше ни поголема ни помала.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се разбира, со оглед на фактот што Пингов многу малку го знаел занаетот, не можело да се одбегнат некои непредвидливи ситуации, по својата форма комични, но по своите последици доста опасни.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Секој предмет по својата форма му личеше на некое претпотопско животно, на некое чудовиште што било и исчезнало.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Затоа, ако организаторите на Interpol сакале дијалог во форма на изложба, не треба да бидат премногу изненадени кога некои уметници ги користат насилството и деструкцијата како своја форма на комуникација!
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Со својата широка гостопримливост за геј-желбата, како и со самата своја форма, чии нарушителни смени на начинот ја укинувале нормалната, обичната стварност и ја заменувале со лирска, игрива, откачена и екстатична алтернатива, мјузиклот на одреден вид геј-гледачи им ја пренесувал, „дури и при нејзиното одрекување, хомосексуалната склоност на светот“. (132–133) Без воопшто да ги признае геј-мажите и дури и при самиот чин на одрекување на нивното постоење, бродвејскиот мјузикл им дозволил да учествуваат во настраните начини на суштествување и чувствување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако умеете да чувате тајни би ви открила нешто: јас сум во потрага по совршениот пехар, пехар што нема никакви дефекти од било каков тип во својата форма.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Зарем е можно токму овој пехар - да го наречеме пехарот „G” - да биде вистинскиот?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Дури ми се чинеше дека листот сам ги носи пенкалцата во сите страни и им ги подава сите свои форми.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Страницата беше преплавена со барички!
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Сакав сите тие приказни да ги облечам во некој облик, тие градови да почнат да постојат и да добијат своја форма.”. . .
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Умот, раздвижен од побудите на Светоста на човечкиот ветар, ја менува својата форма, затемнувајќи се или осветлувајќи се – застана старецот, подземајќи од чистиот воздух.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тогаш тој, станува дебил. Во неговиот ум, неподвижноста на сликите почнува да реже свои форми.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)