Лотман ги опишува литературата и уметноста општо земени како секундарни моделирачки системи, со што укажува на фактот дека тие се изведени од примарните моделирачки системи на јазикот, изјавувајќи исто така одлучно како Сапир или Ворф дека “Ниеден јазик не може да постои с# додека не е натопен во контекстот на културата; и не може да постои ниедна култура што ја нема како свој центар структурата на природниот јазик”.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тие јазли, т.е. држави, според силата што ја имаа кога се образуваа, си ги разделија меѓу себе сите колца – племиња и наречја на јужнословенскиот етнографски синџир и ги крстија со нивното име. Јазлите како свој центар си го имаа носителот на националното име; со зголемувањето или смалувањето на политичката моќ на носителот на националното име и последново се раширува или се смалува.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
„Не“, одмавна тој со тешка рака; кругот на животот се собираше сега кон својот центар, се ближеше кон некоја скриена цел.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тоа младо курвиче разви свој центар. Се врза со Нигеријците, брзо се вклопи во студиото на Ема, соработуваше со Машкото друштво „Осамени срца”.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)