Запали цигара и по неколку повлекувања ја изгасна цигарата во својата чинија со пита.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Дворот беше полн со цвеќиња и беше заграден со железна ограда со боцки.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Дедо, - срамежливо рече Бојан, - градските луѓе не јадат така. - Ами? - се зачуди дедо Димо. - Секој од своја чинија...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Додека таа коментираше Дино го отвори капакот, си тури само во својата чинија и веднаш стави неколку парчиња месо во уста.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Како е Динче? - праша мајка му додека си туруваше и таа месо во својата чинија.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Суштината е незадоволеното лажно его – рече старецот. –За да се задоволи егото, својата чинија со лоша храна мора да си ја земат.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Првите денови, кога нешто ќе спремев, и ќе ставев на маса, тој ќе ја земаше својата чинија и ќе се повлечеше во собата, или пак ќе јадеше отпростум, свртен на некоја страна.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Се наоѓаше во предградието на гратчето, во реон полн со големи полиња и куќи што сѐ уште се градеа; забележав и дека по нерамните патишта шетаа многу улични мачки.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)