Пред нивни очи еден Велигден на сретсело во Новаци бегот беше го спружил еден од своите чифчии и двајца од сејмените со ќаата му броеја по дваесет и пет по голо месо што им проговорил на чифчиите да не одат барем тој ден на пченка садење.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Одеа порано на пазар во Прилеп и Битола и ги гледаа голите и боси чифчии како жнијат, вршат, ораат, копаат по беговските чифлизи, а овие со грбачот по нив маваа и не им даваа душата да си ја соберат. He еднаш беа сведоци на страшни глетки по Новаци, Суводол, Шелеверци, Ерековци, Канатларци, Букри, Егри и другите полски села што беа чифлизи, кога бегот тепаше некого од своите чифчии, па дурии на такви, кога на сретсело на некоја врба или јасика висеше обесен некој младинец или старец што се противставил да ја исполни беговската волја.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)