Можеби на тоа би можел да работи со својот шеф, намерно правејќи секој ден по една грешка што би го засрамила и користејќи го ова искуство да се навикне да се пошегува на сопствена сметка.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Колку што убаво зборуваше за својот шеф Граматниковски, толку имаше лошо мислење за неговиот претходник Едо Бранов.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Паца, очигледно, беше толку соживеана со својот шеф и неговата несреќна судбина што неговиот непријател беше исто толку емоционално и нејзин непријател.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Од тој момент па сè до крајот на војната членовите на британските воени мисии во своите извештаи од територијата на Македонија секојдневно ќе го запознаваат својот шеф Фицрој Меклин за состојбата во Македонија, а овој извештаите ќе ги препраќа до клонот на СОЕ во Каиро, кој по анализите ги препраќа до Главниот штаб на СОЕ во Лондон, каде што и се креирала британската воена и политичка стратегија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Меѓутоа, треба да се има предвид дека британската политика во текот на Втората светска војна била, како што известува Черчил, „да го вооружи секој оној што можел да убива Германци“, без разлика на нивните политички програми.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Свесен беше дека со тоа, а и со своето упорно практикување на новите пристапи во дијагностичката и тераписката практика сѐ повеќе се оддалечува од своите колеги, а пред сѐ од својот шеф, кои сите заедно не само што се каеја дарувајќи го со незаслужени титули и на тој начин го изедначиле да им биде (пак незаслужено) рамноправен, туку и сѐ погласно се обидуваа да го дискредитираат во лекарските кругови и да го прикажат како шарлатан од најдолен тип, кој со вербална вештина се претставува за она што не е.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А и тој не барал белешка од својот шеф.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А јас му имам речено и на татко ти: чесните, на едната рака ќе ги изброиш!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
На врати се појави Марија. Беше изненадена кога го виде својот шеф, пред оваа порта.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Марија уште нешто требаше да се разбере со својот шеф и потоа појде кон собата на Мајка.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Треба да му речам дека не е вообичаено да се шепоти в уво, да се прават кисели лица, да се разменуваат таинствени насмевки и тоа во присуство на својот шеф.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)