Односите со поп Спиро од неговото Полчиште не беа баш толку добри, бидејќи тој секогаш кога служеше во манастирот бараше од дедот Сталета да му плати цела бела меџудија, а врз тоа парите од молитви, крштења, пеанини и друта свештени работи не ги оставаше попот на манастирскиот диск, ами си ги прибираше во својот џеб, та дури и литургиите што ги носеа селаните за нафора си ги клаваше во торбата и им ги носеше дома, на попадијата и дечињата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
По малку отсутно, О'Брајан се пипна по два од своите џебови и потоа извади еден мал бележник со корици од кожа и златно пенкало на мастило.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Иако Рада инсистираше да не шета сам, Томо, сепак, се тешеше со сигурносната "алатка" во рацете, инхалаторот кој секогаш го носеше во својот џеб.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Помислува тогаш дека е многу лесно некој друг што во својот џеб го наоѓа неговиот телефонски број, да го има истиот проблем.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Го трие по косата, пената му се спушта по лицето и го чеша, тој сепак гледа во нејзините мрзливи, сочни усни како му се наближуваат, за да бидат заменети со влажните кадри, со кои се поигрува, наизменично издвојувајќи ги, наизменично привлекувајќи ја целата глава.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Машинистот извади од својот џеб бледа и стуткана слика.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Во својот џеб би можеле да ставиме цели универзуми или да си ги ставиме зад уво, по потреба да ги извадиме и повторно да ги погледнеме.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
„Цигара?“ Дог извлече стуткано пакло од својот џеб и внимателно извади смачкана цигара.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
АЦО: Е како кога ништо не е? Сега треба од свој џеб да платам нов ремонт и да им стојам на мајсторите врз глава за да не украдат некој шраф.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Стрикото нешто вадеше од својот џеб. Што ли ќе извади?
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Доктор Гете изваде игла од својот џеб, и врвот го забоде во челото на девојката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа остана мирна, не се помести ниту кога доктор Гете се приближуваше кон нејзината глава со иглата, остана мирна дури и кога врвот на иглата беше забоден во нејзиното чело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Веднаш бркна во својот џеб и рече: - Продај ми го мене. Еве ти пари!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
4 Работната атмосфера, особено по доаѓањето на новите газди и смената на дотогашната сопственичка структура, почна забрзано и значително да се „вжештува“: беше поставена нова директорка која ги тераше вработените да работат и за викенди, без да бидат 218 соодветно платени за тоа; се работеше и по цели денови – од 7 часот наутро до 21 часот навечер, под образложение дека на вработените „им фалеле работни саати“ за да ја остварат предвидената норма; перманентно некој од вработените работеше и на празници – без за тоа да добие надоместок [дневница] или, пак, слободен ден; а беше вршен и перманентен мобинг врз работниците – преку разни средства на вознемирување (на пример, тие беа тенденциозно казнувани за измислени „прекршоци“ и дисциплински повреди; често, при пописот на лековите, беа лажно обвинувани дека имаат наводен кусок, односно „минус“ во касата – дури и по неколку илјади денари, а којшто потоа требаше да го надокнадат од свој џеб; беа терани солидарно да учествуваат во плаќањето на сметката за фиксен телефон кој го користеа исклучиво за службена комуникација и сл.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
3 Во оваа компанија од фармацевтската дејност, во којашто има- ше околу 35 вработени, според систематизацијата на работните места, таа ја извршуваше задачата на фармацевтски техничар, работејќи сменска работа со дежурства на шалтер – непосредно во контакт со пациентите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)