си ја сонувам свадбата своја на бродот, над мене крикаат галебите и ме удираат со клунот и со крилјата, ми го туркаат венчето и ми го дрпаат превезот, ќе удрат во мене, па ќе удрат со мевот во морето, ќе се лизнат, замрешкувајќи ја водата со ноктите, јас се бранам вака, со двете раце се бранам, а Горачинов си ги прекрстил рацете на градите и од место не се помрднува, што се вели, се загледал некаде, гледаат и морнарите, что такое, что такое, велат, они праветрение, извеани, изветреани нѐ прават, оти не си до мене, му велам на Горачинов,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тоа е начин да се преживее, тие се сите тука свои на своето, тој е дојден и заглавен во туѓ град меѓу туѓи луѓе, во туѓа средина во која единствена смисла има да продолжи да ја држи функцијата, инаку е никој и ништо - се правдаше самиот пред себе си, а оној темен дел од желбите ќе се појавеше ненадејно од темните келари на неговата душа и ќе го потсетеше дека се лаже: „Не се прави наивен”, ќе се соочеше со себе си; неодамна самиот пред германските власти ја издејствува смената на Сабтај Салтиел, но и преземањето на неговата функција, стана и претседател на еврејската заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се почувствува побезбеден и што е најважно, се почувствува повторно важен.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Затоа, не попусто се вели: никогаш, ниту миг еден не пуштај ја душата своја на одмор и на ленивост, оти нечестивиот не спие, ни дење ни ноќе.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
О, секое одење по печурки
разговор е со демонот на преобразбите
Овидиева тема, протејски мерак
подотворање на умот
најава на оностраниот моќен сурат
на стерната, стијата, привидот
и тоа најмногу кај оние кои
на овој свет се мислат
свои на свое.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тој не ги поведе своите на манастир, како што правеше секоја година, не ги поведе да не му пречат, зашто мислеше на сѐ, - можеби ќе си пријдат со Богдановото девојче, необични и тој и таа, узнавајќи се од душа такви, а тогаш треба човек да биде сосем слободен, ќе треба можеби да бегаат заедно далеку од род и родина, каде што сите стеги паѓаат, ќе треба можеби уште веднаш да загинат заедно, дека е тоа најдобро, не знае тој.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Сите бои ги вапцавме остана уште аловата Ако запнеме уште малку секако ќе доучиме и да бидеме свои на своето.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)