Затоа организаторската работа, од една страна, е работа за еден човек што го претпочита привременото напрегнување на силите пред постојаниот упорен и мачен труд; од друга страна, таа е и неморална, зашто во неа човек не жртвува во полза на општеството, на народот свој или на човештината, а со народот прави опити за своите фантастични планови.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ги вдишувам ноќната темнина и тишина ги реставрирам сите детали од минатото кои се уште ми делуваат непоимливо, руинирано и се обидувам да ги санирам да ги вклопам во сегашноста, но може да настане контроверзен судир и да дојде до пресврт од судбински, кармички размери.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И еден ден кога ќе се обидеме да го украдеме животот ќе паднеме на својата или туѓа несреќа. Врв на гревот и сигурен пад.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Веќе бев слушнал дека тие имаат такви навики, но едноставно не можев да поверувам во таквите приказни, сè додека со свои очи не видов човек како трча низ собата и носи куп гомна и умира од смеа. (...) Тоа лето постојано снимаавме кратки секвенци што подоцна ги искористивме за Девојките од челзи.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Поголемиот број од луѓето што ги снимавме навистина живееја во челзи okno.mk | Margina #15-16 [1995] 117 хотелот, па затоа и поголемиот дел од времето го поминувавме таму. често вечеравме и пиевме во Ел Кихот, ресторан во приземјето и луѓето едноставно доаѓаа и си одеа во своите или туѓите соби.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Можеби морето си го прави своето или овде било помало влијанието на Централата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И не беше чудо, зашто Мише најголемиот дел од времето го поминуваше во својот или во маалските голубарници, или талкаше со погледот кон небото барајќи ѕвезди на пладне, радувајќи се на тие што ќе ги пронајде видливи само за неговото око.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Живееше од бранење на ситни и крупни криминалци, бракоразводни парници, фирми кои што се колеа по судови околу своите или туѓи пари.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Сопнувајќи се на труповите на домородците и на своите или прерипнувајќи ги, сите со некакви грпки на замор врз тилот, Турците надоаѓале од сите страни.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Имаш некој свој или познат во домов? - Не, никого немам.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И не можеш да живееш без разум, свој или дури и позајмен.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
14 Сеедно дали се свои или туѓи Некои соништа натежнуваат и претежнуваат од историја И тие соништа по правило се најкошмарни Џимкањата во нив се најбучни А клуч за нивна одгатка ретко се наоѓа Иако во последно време прилично напредна Археологијата на соновите како една нова И прилично конјунктурна научна дисциплина Особено бурни сонувачи на секаква историја Се балканските народи кои уште си вадат очи за минатото Тие понекогаш сонуваат исти сонови А неволјите настануваат кога сите сакаат Да имаат тапија на еден ист сон И нема господ кој може да го разврзе тој јазол од пет-шест исти сонови
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Мајка убаво сфати дека Татко не сакаше да расчисти со своето или со Мајкиното минато туку, едноставно, да ни го покажат нам патот на нивното минување низ лавиринтот на балканскиот егзил чиј излез за нас, децата, требаше да биде пресуден за продолжувањето на нашите животи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
3. Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист ќе доведе некого во заблуда со лажно прикажување или со прикривање факти или ќе го држи во заблуда и со тоа ќе го наведе да стори или да не стори нешто на штета на својот или туѓ имот – ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
2. Должникот може да го пребие побарувањето што го има спрема својот доверител со она што овој го побарува од него, ако двете побарувања гласат на пари или други заменливи предмети од ист род и ист квалитет и ако двете се стасани (чл. 325, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Архивскиот број под кој е заведен предметот во Основниот суд Велес е: П.бр. 62/08.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)