И еве зошто. Досега комитетите му велеа на надворешниот свет оти тие работат само за „Македонија за Македонците” и се готови да им дадат секакви гаранции да не стане присоединување на Македонија со Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Може да биде сосем спротивното на тоа што го реков јас погоре за комитетите, т. е. тие се готови да ѝ дадат на Европа секакви гаранции Македонија да не се соедини со Бугарија, но тие никојпат не ќе се согласат да се упразни во Македонија бугарскиот јазик и бугарското име во полза на централното македонско наречје и името „Македонец”, со други зборови, тоа што го реков јас дека имало само еден чекор од таа положба што Македонците и македонските комитети по македонското прашање се држат кон Бугарија, па до полното отцепување на Македонија и Македонците од бугарските национални интереси, не е право, зашто не еден чекор, ами цела пропаст го одделува едното од другото, и комитетите ќе покажат најсилно спротивставување на новото течење; 2) ако се допушти оти комитетите никојпат нема да се согласат со упразнувањето на бугарското име и јазик од Македонија, а заедно со нив против новото течење ќе биде и целата македонска интелигенција со бугарско образование, тогаш од каде ќе црпи сила за себе новото течење?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)