секојдневен (прид.) - употреба (имн.)

Во аголот од сопчето имаше каченце, во кое стоеше сирењето наменето за секојдневна употреба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Винстон забележа дека таа никогаш не употребува зборови од Новоговорот, со исклучок на оние што беа поминале во секојдневна употреба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така Јапонското Министерство за образование пропиша 1.850 карактери со закон усвоени како најнеопходни за секојдневна употреба во јапонскиот јазик.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Повеќе од 100 симболи претставуваат човечки ликови, делови од тело, животни и други предмети за секојдневна употреба.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тешко е да се предвиди, кога HRE ќе преминат во секојдневна употреба, зашто на тоа подрачје има уште многу непознати.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Луѓето ги усовршиле предметите за секојдневна употреба (секири, чекани, камења за точење, длета, игли од коски и др.).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Внимателно го крена ’рѓосаното железо, изгравирана глава на лав, што висеше на она крило од портата кое не се отвораше при секојдневната употреба и околу кое беше напластен од страните мов, а од долната ивица, напролет никнеа тревки.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И потем, гатачот симболички го распарчува телото на мртвиот бабар, и тие делови стануваат предмети за секојдневна употреба (каква прекрасна прагматичка симболика, толку карактеристична за мојот народ); тоа всушност, е и кулминација на скаредната вербализација во обредот: „Овие не се мустаќи, ова е сунѓер за газот бришење; ова не е алатот, ова е џезве за кафе да си варат жените; овие не се очи, овие се ламби за да не одат жените на мочање по темница; ова не е глава, ова е шутка, во неа да се мочат и серит домаќинот и домаќинката, сега е зимно време, мрсно се јадит, дрско се серит.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)