Да скратам, постои ли машки геј-еквивалент на процесот на примарна социјализација?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Неговото гејство веќе не било признак на родова инверзија ниту на обратност на сексуалната улога.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Така, поделбата на кралици и трејдови подразбира цел систем на поларизирани родови стилови, родови идентитети, положби на еротски објект и еротски субјект, сексуални улоги, сексуални практики и сексуални субјективитети.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Токму такви се прашањата за кои дава одговори нашиот модел на културна поетика, барем на еден општ и хипотетички начин.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Квир-движењето на почетокот од деведесеттите ги рехабилитира родово девијантните стилови, а од нив останале траги.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Децата може да бидат во некоја ограничена мера изложени на високоразвиените културни облици што содржат и што одржуваат жанрови на дискурс и на изразување – а дури и да се изложени уште од рана возраст на, да речеме, мјузикли или на мелодрами, можеби нема многу да извлечат од нив – но тие се длабоко изложени на стиловите на лично изразување што тие форми ги дефинираат, бидејќи таквите стилови на изразување го обликуваат секојдневниот емоционален живот и ги конструираат разните прагматични начини на кои старателите на децата зборуваат, се изразуваат и се поврзуваат со децата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто, веќе ги утврдивме трите услови чие содејство е и нужно и доволно за да се објасни општествената репродукција на машката геј-култура. (1) Дури и ако конвенционалните, хетеронормативни жанрови на дискурс се исто така и жанрови на чувствување и стилови на лично изразување; (2) ако главнотековните жанрови на дискурс, жанрови на чувствување и стилови на лично изразување се кодираат за родот и за сексуалноста според стандарната културна поетика – така што се интонираат со конкретни општествени вредности што различно се поврзуваат со конкретни обродени или сексуални улоги; и (3) ако таквите жанрови на дискурсот и стилови на чувствување или на изразување се обликувачки за одделните субјекти уште од раната возраст во животот – тогаш навистина е возможно во машката геј-култура да има нешто како примарна социјализација, доколку извесен дисидентски однос кон тие жанрови на дискурсот и на изразувањето претставува дисидентско обликување на родот и на сексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во многу делови од денешниот машки свет, дури и во индустријализираните либералнодемократски држави, она што се смета за нормално понекогаш повеќе има врска со родовиот стил и со сексуалната улога, отколку со изборот на сексуалниот објект (односно, отколку со полот на посакуваниот сексуален објект).51
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Згора, дрег-претставите и натаму се популарни и сѐ уште спаруваат кралици со мускулести момци, исто како што бродвејскиот мјузикл спарува диви со пцалтчиња.235 Во меѓувреме, поларизираните сексуални улоги (озгора наспроти оздола) не завршиле на буништето на историјата, како што предвидуваа застапниците за геј-ослободување од 1970-тите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Упадливо современиот, тесно исцртан, но, сепак, амбициозно универзализирачки концепт на хомосексуалноста се појавил кога изборот на истополов сексуален објект почнал категорично да се разграничува од обратноста на сексуалната улога и кога почнал да важи, сам по себе, за означител на сексуалната различност.
Темпото на преобразба се засилило по крајот на Втората светска војна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Според новоискованото официјално гледиште на постоунволскиот свет на геј-мажите – и според личниот увид што многумина геј-мажи го добија преку интензивното сексуално експериментирање по геј- ослободувањето – поларизирани сексуални улоги постоеја само во хомофобичната фантазија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Имаше опипливо чувство на гнев уште во приговорот на Џон од Анаполис против мојот предмет: не, тврдел, геј- мажите не се модни зналци, не се ни познавачи на дизајнот, како што некои би сакале да мислиме, а не се ни мераклии да се облекуваат како жени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Видовме слични примери на самоодбрана и оградување кај Дејвид Даниелс и кај Ентони Томасини, а да не зборувам за Д. А. Милеровиот фрапиран предмет на љубовта, кој набрзина си ги избришал солзите што ги сронил поради „Некоја чудесна вечер“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Некои повластени родови стилови, како машката геј-мажественост, и некои одобрени изведби на сексуалноста, како што се егалитарните сексуални улоги, активно се промовираа и се валоризираа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И навикнати сме да го слушаме она постојано, настојчиво тврдење – што непрестајно ни се повторува веќе со десетлетија – дека машката геј-женственост е нешто од минатото, дека поларизираните сексуални улоги се застарени, хомофобични претстави, дека „кралицата е мртва“, дека нема разлика меѓу геј- и стрејт-луѓето, дека не постои никаква машка геј-култура што би била нешто повеќе од низа од злонамерни стереотипи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не допуштала никаква категорична разлика меѓу мажите кои играле пенетрирачки сексуални улоги и сексуални улоги на примател во истополовите сексуални контакти.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-мажите кои сакаат да се претставуваат како мажевни, ненастрани, постгеј или едноставно како обични, секојдневни дечки чија сексуална наклонетост не ги обележува како инакви од обичниот свет, инстинктивно клонат од секој аспект на машката хомосексуалност што би изразувал или би означувал женственост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На другата страна се стрејтерите или мажите што се однесуваат како стрејтери, кои се во состојба да одиграат бучовска изведба без премногу видлив напор, но кои, сепак, се подготвени, од која било причина, да се впуштат во сексуално општење со кралица.233 Бидејќи женственоста лади, а мажественоста возбудува, кралиците ги привлекува трејдот, но не се привлекуваат меѓусебно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)