Тие на долго и широко расправаат со речникот на кец и двојка и како само за една утакмица ги заебал некој второлигашки анонимус со кој доколку го фателе ќе затнеле некоја од дупките во семејниот буџет или би ги лупнале истите пари на сингл па би ќариле дупло кеш со што би избуткале уште некој месец.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
И госпоѓа Камилска која се грижеше за семејниот буџет, го чувствуваше недостигот на дополнителните средства од хонорарната работа на својот сопруг.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И на крајот заврши со мала пензија недоволна да се урамнотежи семејниот буџет.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Откако Камилски се врати жив, но не и здрав, од голиот остров на смртта, никогаш не доживеа целосна рехабилитација, и на почетокот мораше да се задоволи со работи под неговите вредности како поранешен универзитетски професор и угледен публицист.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој чувствуваше дека можеше да ја зајакне материјалната состојба на семејството да не беше толку многу ангажиран во проектот со Татко којшто не ветуваше никакви дополнителни приходи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)