Зашто секогаш ќе си бидеш обична пачавра, од татко што живеел над пилјара и од мајка перачка.“
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Четири години пред Фројд да ја забележи и да ја опише генеричката верзија на неговата „семејна романса“ – фантазијата на детето дека оние што го одгледуваат не му се вистински родители и дека вистинските луѓе му се од поблагороден и пораскошен свет од оној на неговото наводно семејство – Вила Катер веќе имала дијагностицирано таков геј-случај кај Пол.257
Раскажувачот на Катер ни кажува дека штом Пол допатувал во Њујорк и си се сместил во Волдорф, мошне бргу почнал „да се сомнева во вистинитоста на своето минато“.
Знаел ли тој некогаш за место по име улица Корделија, каде што окапани деловни луѓе го фаќале утринскиот превоз?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Најупадливиот и најкарактеристичен израз на тоа чувство на надмоќ е тврдоглавото одбивање да се поверува дека, всушност, си рожба на поединците што тврдат дека ти се родители.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
(Мајка ѝ на Џоан Крафорд, инаку, навистина дома перела туѓи алишта некое време кога растела Џоан.)
Многумина геј-мажи велат дека имале такви семејни романси кога биле момчиња: убедени биле дека се исклучителни суштества што не се во никакво сродство со билмеското, грубијанско, простачко друштво околу нив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)