- Најлошо е, Мањо, што ја избришаа втората класа. Само прва и трета.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Со сериозни лица и чести коментари, мајка ми, тета Мања и тета Ана го следат „дневникот“ на А1.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Гледајќи ја оваа маса од расчувствувани лица, Арсо се прашаше самиот себеси, зошто овие сериозни лица - запотени, стеснети и опијанети од љубопитност, ги заборавиле своите секојдневни работи, многу важни за самите нив и се претвораат овде во наивни, пакосни или добродушни гледачи, зашто им е потребно тоа да се согласуваат со оние што обвинуваат и на таков начин да си ги прават душите тврдокорни, барајќи во себе презир, непопустливост и казна за оние што се млади и непокорни, но очигледно способни да ја платат највисоката цена за таа своја непокорност, за тоа свое несогласување и за мечтата за нешто што го нема, но треба да дојде, зашто без него нема смирување и среќа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Малечката Пелагија сериозно чекори меѓу нив двете, ама дека срценцето ѝ е полно со радост кажуваат нејзините очи исти како сината срча на небото кои ту се лепат на одвај видливата насмевка на мајка Перса, ту на сериозното лице на мајка ѝ која како да води некој безгласен разговор во себе.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Во исто време моите сестри ги гледаа албумите со стари фотографии – се смееја на облеките што ги носевме половина век пред тоа, на сериозните лица, на згрчените тела во мигот на фотографирањето, и одвреме навреме слушав по некоја воздишка, сигурно за некој од починатите од фотографираните, веројатно најмногу за децата на Роза и Марие.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Уште не се беше смрачило кога се уморив, и престанав да чекорам по станот, а моите сестри и натаму ги разгледуваа албумите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се свртев и се засмеав – за нозете му се имаа припиено тесните розеви панталони, кошулата беше во најразлични бои, а над сериозното лице со брада и наочари се издигаше капа со два портокалови израстока, кои завршуваа со зелени туфни.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Вистинска будалетинка сум, нели?“ Јас не одговарав, само се смеев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се работи за мошне сериозни лица, што се обидуваат на MTV да ги изградат своите академски кариери; коишто okno.mk | Margina #32-33 [1996] 106 секогаш одново ве изненадуваат кога преку бројните концептуални серпентини се пробиваат до повеќе или помалку предвидливи заклучоци; се плашам дека имаат намера да ги научат Beavis& Butthead како да гледаат MTV.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
ЈА САКАТЕ ЛИ ПОПУЛАРНАТА КУЛТУРА?
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Самиот честопати не сум сосема сигурен дека на таа тема можат да кажат нешто повеќе и подобро од нив двајца.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)