Чувствував, според нејзиниот глас, дека не лаже; но тоа отвораше сериозни прашања во врска со моето душевно здравје: ако е така, тогаш јас сум почнал да гледам работи што се невидливи. И да слушам работи што се неизговорени.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
” и необично плодните и динамични музички активности во текот на повеќе децении, до отворените тврдења од крајот на 70-те дека “строго музичките прашања не се веќе сериозни прашања” можно е да се следи, на прв поглед, парадоксалниот и некохерентен, но всушност доследен развој на едно особено отворено, искрено мислење, спремно да ја прифати сопствената мерка и граница и да биде иронично кон себе во моментите кога би можело да се наметне како надмоќно.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)