Со духовно проникнување во сопствените вредности ќе изградиме нескршлив карактер и силна волја за да ги избегнеме ударите на судбината и да се соочиме со животните предизвици.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
А болестите што се сметаат за неизлечиви, само со силна волја човек може подолго време да им се противстави”.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Силна волја. Чија, моја или твоја!? Се надевам, двете заедно.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Убивање на тие аждери, со отпорот на силната волја, поткрепена од самостојната убиствена моќ на погледот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Поради тоа Едо доби неочекувано силна волја што поскоро течно да зазборува англиски.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Трајков бил од Битола, на 45 години, здрав, неписмен, но со силна волја за живот и слобода.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
36 Милан бил висок, со бело и слабо лице, црна коса, смел, со силна волја.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Додека другите деца кришум ги запушуваа своите први цигари и се собираа со ококорени очи да гледаат голи женски тела низ цепнатинките што ги одвојуваа јавните бањи од останатиот јавен живот на Жешов, неговиот живот се сведуваше на дисциплина, на учење и на почит.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Неа ја разбија и ја раскашавија, претворајќи ја во мочурлив терен на неговата душа токму скриените матици на воспитувањето, непрекинатите предупредувања, почитувањето на волјата на татко му, потоа на учителите, професорите во жешовската гимназија, силната волја на реб Аба Апфелблум, но и на неговите професори од рабинската семинарија прочуените Шварц, Гејер и Аптовицер, тие планини од знаење на кои веќе како студент гледаше со стравопочит; со еден збор волјата на авторитетите што го формираа него и во крајна линија неговиот досегашен живот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сакаше таа дистанца да ја смали со својата силна волја и имагинација, со своето верување во мирната разврска на палестинско-еврејскиот јазол.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ја гледаше поблизу својата држава во Палестина, отколку што таа беше и реално.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Постарите креваат раце и велат: - Тргнала колата наудолу - ама ние сакаме, со силна волја да ја запреме таа кола што тргнала наудолу!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)