На зелената полјанка, зад Варош-маалото, се слушаше силна врева.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Се качуваше по ѕидовите, седеше на стреите и ги мавташе нозете, скокаше од гранка на гранка.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Настанала силна врева. Невидено. Се разотишле.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Гусакот направи последен очајнички обид да ѝ се придружи на групата, но беше најгрубо одбиен со силна врева и неколку болни клукнувања.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Неа секогаш ја опфаќа една силна возбуда, или може да се рече страв од таа голема вода што тука под нив прво е една силна врева од што не се слушаат ни гласовите на луѓето, а потоа чиниш го завлекува воздухот најзината голема снага и Пела, се разбира, секогаш го има истото чувство дека тој завлечен воздух ќе се претвори во силен ветер што ќе ја откачи од рацете на мајка ѝ и баба Перса.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Но сето тоа крена толку силна врева во Европската заедница, па сигурно овие вести допреа и до Македонија, така што не би имала посебно што да додадам друго можеби освен мислата која постојано ми минува низ глава.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тоа го видов утредента кога ме разбуди силна врева од која можеше и носорог да оглувее.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)