И тие ќе се собереа околу нештата распрострени по најлонот послан на земја, некој ќе земеше некој спреј за муви, ќе се прснеше со него во носот, од силната миризба ќе се намрштеше и ќе речеше: „Не сум толку бадијалџија да тргнам муви по буништа да бркам!“
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Сета соба се исполни со силна миризба што ни ги штипеше очите и нè тераше да кашламе.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Од шопинг-моловите допираат воздушни струења на непознати слатки печива, коишто се мешаат со острото присуство на џиновските порции кафе без кофеин, додека од предворјата на киносалите се јавуваат пуканките прелеани со путер и измешани со силната миризба на нов теписон и дезинфекциски средства.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Блескотната светлина им ги подзамижува очите, а чадот и силната миризба на темјанот додека палат свеќи за живите и за мртвите полека како да ткајат едно невидливо платно околу нив што ги одделува од многулудната маса за да можат да бидат сосема сами кога ќе дојат да се поклонат и да ја целуваат мајката Богородица.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)