- Аха, си реков, - значи силните момчиња Бад и Хил се глупави и будалести!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Аким се доближи до мене. Врелата пара на млекото ме удри в лице и јас отстапив еден чекор очекувајќи нешто непријатно од ова неразбрано и силно момче: прст в око, нокти в грло.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Мамичке, па ти си прекрасна! - извикав полугласно кога на платното се појавија Бад Спенсер и Теренс Хил, оние силните момчиња, смешни и забавни, кои умеат лесно да ги решат сите проблеми.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)