Но ведаш цефките им замолкнаа: силен оган се вкрсти од двете страни на патот и четворицата останаа згрчени на снегот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Му беше жал за селаните, за селото, а во градите му гореше силен оган од омраза спрема Германците.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Мислиш силен оган го запалил градот. Температура беше негде околу четриесетиот степен.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Уште при првата наша средба во катедралата прозбореа нашите очи со невиден сјај, нашите погледи се сретнаа на половина пат и од нив летаа искри што пламнаа во силен оган на љубовта.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Земи брадва пресечиме, Направиме: на две, на три, Наклаи си силен оган, Да изгорам да прегорам, Да се сторам ситна пепел.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Секања од гром, трештејќи во неа ѝ ја погодиле утробата... па тој удар пламнал во силен оган... кој сѐ стрештил, сѐ строшил и прснале пламени на сите страни!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Варениот бакарданик, пак, бара многу време и многу тивок, постојан и силен оган.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Огнот се вивнал и пушта златни пламени и искри и на Доста ѝ се претвораат во безброј ѕвезди што ја осветлуваат куќата за подобро да може да ја види нејзината искра, од која има да пламне силен оган во нејзината згасната душа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)