В полноќ се над ним дрвјата од жалба силна свиваа - горските бистри езерца в силна светлина светеа.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
А јас секогаш бев свртен кон Исток Оти оттаму се покажуваше ликот на Мајка Или само така ми се чинеше Во погледот што завршуваше слепо Од силна светлина Додека ме крштеваа во бунило И ме наговараа да го минам прагот Да станам Свет во Светот Што сега како жарче ми свети Додека сам самувам во самица.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
И дури зборуваше, тој покажуваше со колку деликатни движења ја вршел сета работа, а црнките во зелените очи понекогаш ќе му се збереа, небаре силна светлина го заслепуваше од тие сцени што му се будеа во свеста.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Одамна беше навикнат да спие со силна светлина во лицето.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Климент Камилски, кој носеше темни очила, борејќи се со утринската силна светлина, не го губеше од вид жолтото камионче, идниот дел од својата збогатена балканвавилонска библиотека.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А кога ќе победеше, од радост за миг ќе почувствуваше како да прогледал, како силна светлина да му блеснала и го исполнила.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Но да не мислам повеќе за тоа… (Тргнува кон вратата на спалната, но во моментот кога ќе се обиде да ја отвори, го осветлува силна светлина, Тој се свртува, и откако ќе ја види Слободата го насочува револверот кон неа).
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Застанав на прозорецот. Ја здогледав мртвата силуета на градот под силната светлина на полна месечина.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Не ги разбирав сосем, а сепак како да се разгрнуваше пред мене некаква темнина, како да надоаѓаше некаква силна светлина.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Ја гледав: немаше повеќе од дваесет и две-три години; болскотеше под силната светлина како рипка во вода на залез; качена на трапезот, правеше страотни вратоломии, со кои сега нема да ве заморувам; со неа, од другата страна вежбаше нејзината сестра, Светлана; се разменуваа на трапезите во совршена тишина, така што се слушаше само крцкањето на жиците на кои беа закачени трапезите.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Говореше дека неколкупати во животот имал прилика да му се укаже силна светлина, и дека не можел да сфати како никој околу него не може да ја види; таа светлина, велеше, во неговите сетила побудувала и некаква раскошна музика.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Младичот, чии очи горат со фанатичен сјај, извикува нешто и силовито тргнува една од жиците. Во дел од секунда, сосем ненадејно, рабинот на монастирлитската синагога гледа силна светлина, а по неколку еони, до него допира и звукот, заглушувачката експлозија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Наеднаш почувствува силна светлина во одајчето.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Постелата му мириса на излачениот страв.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И пак: Додека луѓето во страв и ужас се криеја, по келарите од куќите и најдлабоките засолништа, од милијардите ледни погледи на сивокрилните Сили што го затемнија небото, оние малкумина меѓу нив што не најдоа засолништа и се затекоа тука, гледаа во чудото што се случуваше пред нивните широко отворени очи, зашто силна светлина бликна од Светијата над светиите и пред неа се отвори тешкиот превез од прашина што надоаѓаше од пустината, а потоа се раствори и сенката на крилестите Сили што светлината ги претвораше во пламен и пепел штом ќе ги допреше, додека нивните трипати свиени шофари паѓаа во снопот, се палеа од неговата огнена сила и се спепелуваа како и крилјата на сивокрилите летачи што ќе ѝ се најдеа на патот на чистата светлина, додека спржените ангели со ледни очи крескаа во ужас и паѓаа одгоре и допламнуваа, превртувајќи се низ воздухот како огромни пеколни факли, а светлината што бликаше од скутовите на Храмот отвораше пат, угоре, кон чистото небо, та тогаш оние од Израилот што го видоа тоа чудо на светлиот пат што ја спои утробата на Храмот со разгрнатата порта на Небото, посведочија уште едно чудо во кое, полека лебдејќи, по патот на светлината почна да се искачува арката на Заветот со Законот во неа и фати да се оддалечува и се упати кон портите Небесни и кога овие ја примија се затвори капијата на Сводот, превез од темни облаци го препокри затвореното небо, а зракот од срцето на Храмот полека почна да слабее сѐ додека наполно не згасна, та во Светињата над светитите ја немаше веќе самата Светиња во која престојуваше Зборот Божји, а за земјата немаше веќе Законот Негов, само студениот ветер на темните Сили... Доктор Корец ги отвора очите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ниа сме ти на крајут уд градот, ду адни градини, уд тук на там , покажува со раката на кај пенџерињата од каде се цеди силна светлина, сау градини!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Меѓутоа, во мене стои еден ветровит ден на одминување, односно го гледам задниот дел од дворот на Економското училиште во кој сѐ уште е присутна силната светлина на денот, само што сонцето е од другата страна на зградата, сигурно педа две врз врвот на Водно, и од долната страна на кај бараката доаѓаат моите две сестри Лена и Јана.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Кога се протуркуваат низ жените, кога немо стојат скраја слушајќи ја богослужбата посветена на мајката над мајките, Перса, забележувајќи ја силната светлина во нејзините очи, ќе прошепоти Мислам дека е време да излеземе во дворот!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Тресок и ехо од кикот. Се разбуди во соба со силна светлина.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Од една кривина нѐ осветли силна светлина, по светлината дојде и големата бучава од борните коли.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Плисна со силна светлина окото на сонцето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Како бајонети на силна светлина се пробиваат звуците на фанфарите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Од оваа страна на оградата, измешани со масата обични смртници, ние, старите уморни работници од кулата, се гледаме едни со други, реки солзи течат по обелените бради. Ех, младост!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)