Сенка од некогашната здрава и убава Бојана, сегашната Бојана, жена со проретчени бели коси, поцрнето лице, поднаведната и опадната, одвај се држеше на нозе, повеќе од силен страв отколку од некакво радосно возбудување.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И тој од силен страв и избезуменост, го извадил пиштолот и го убил.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И кога еден ден Татко започна во својата библиотека - судбина да става книги на Маркс, Енгелс, Ленин и Сталин помеѓу Библијата, Куранот, Талмудот и другите свети книги, Мајка ја обзеде силен страв што не го покажуваше надворешно, немоќна да ги протолкува чудните постапки на својот сопруг.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И потем гласот исчезна, а ние, тресејќи се од силен страв, полегнати на земја, видовме како огнот повторно вивна, како почна да ја голта штичката, како таа почна да чрчори; но одеднаш, слушнавме и гласови многубројни, пискотници и лелекања, како живи луѓе, човечиња мали да се спалени на кладата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Стегнати, собрани, тие ќе внесеа трепет и недоумица кај соговорникот, да не беше рибјиот поглед под нив, влажен и мирен, кој праќаше јасни пораки дека од неговата замајаност може да го истрга само некој силен страв, болка или страст.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Бојан се стресе од силен страв и бргу се вовлече во колибата, затворајќи ја вратата зад себе.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тоа чудо го правеа со силни потреси: им предизвикуваа на болните силен страв силни возбуди и одново им го враќаа и слухот и говорот и видот...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Јас не сум загрижен, затоа што моето разбирање на социологијата е континентално, во традицијата на германската и француската социологија, повеќе отколку американско.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Денес постои силен страв меѓу социолозите во Америка затоа што некои социолошки одсеци веќе се распуштаат.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Мене ме облеа силен страв од кој кожата ми се наежи.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Децата ги обзеде силен страв.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Нѐ обзеде силен страв. За Мајка. И за Татко. За сите нас. За тажното емигрантско семејство.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)