силен (прид.) - удар (имн.)

Значи му ја дофати малата, спечена глава на јагнето и со силен удар на средината ја подели на две.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тој се вртеше насекаде, нервозно, задишен, сакаше да се увери дали сите го слушаат, а со рацете мавташе, мавташе тој човек, како да ги вчепкал в раце невидимите јажиња од тишината и сега дрма со сета сила, бесно, - и еве од тие силни удари прскаат некакви стаклени ѕвона и ѕвечат парчосани срчи во оваа крчма.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Од силниот удар, се стресе сета куќа, како од земјотрес. Сите истрчавме од куќата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И неговиот 'рбет кој, при силните удари на балканската судбина, многупати беше подвиткуван, сега беше исправен.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Понекогаш се враќаше со изненадувачка ненадејност, без претходно предупредување, како нешто живо во неа, што било заспано, па се разбудило од силен удар и било гладно и имало потреба да го нахранат, а неговата цена беше болката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мислата великодушно му се напрегна за да ја опфати шемата за целата работна задача, со сите нејзини меѓусебни поврзани операции, а кога целата работа му се лизна од менталната контрола, и сега стоеше загубен, се чувствуваше како да беше разбуден од сон со силен удар по глава.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Старецот посегна до појасот, извади остар нож и со силни удари го пресече јазолот, заривајќи го ножот во змиското тело.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Одненадеж слушнало силни удари во својот корен, човекот со чекан удирал силно, кршејќи ја карпата на ситни парчиња, ситни како песок, прашинки што испарувале од жештината на сонцето, враќајќи се назад во космосот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Возачот, наведнат врз воланот, крвареше од расцепената глава, веројатно од силниот удар во предното стакло.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Убијте ме, ревел офицерот, убијте ме, и со силни удари на сабја го касапел мртвиот Татар или Монгол или Черкез сѐ додека не паднал сличен на огромен осакатен инсект, црн и крвоглав.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од силниот удар Бургиба мигум се разбуди.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Делото на Бургиба ќе се најде под силен удар на исламските интегристи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од другата страна на ѕидот се слушнаа силни удари со тупаница.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не и го спомена веќе а по две ноќи вратат на неговиот стан ја стресоа силни удари.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Со силни удари со чивии со казми дур не му направија грда голема и пуста пештера во душата змии за да се ведат пајажини и лишки.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
А Господ додаде: - Нели ќотекот господ го измислил, така тврди народната мудрост а јас ја почитувам таа мудрост и не ја доведувам во никаква врска со религијата - а потоа најде за потребно да додаде дека и оваа наша власт, иако атеистичка, ја почитува традицијата на ременот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ова, за волшебната моќ на камшикот го бев рекол јас кога спомнав дека еден силен удар на камшик може да расплетка многу смотани раце и нозе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Лицето му поцрнело во синиот блесок на жицата; се одбранил од електрицитетот со силен удар на крилјата наназад, и паднал.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Големата рана што му беше зададена од силниот удар на каменот, му го пресекла животот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Кога се разбуди, го чу езерото како рика и како бие со брановите на ѕидот; стрчна на прозорецот, но тој од силните удари на брановите по ѕидот, се заниша како при силна експлозија, пукна, се здроби и ветерот му влета в лице на Бандо опсипувајќи го со јадри капки дожд.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во еден момент, се слушаа по телефон силни удари, со метален звук.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Фатализмот како да им помагаше во одредени периоди да го смират бесот, револтот, при силни удари на судбината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Оган, мајоре! Јани почувствува силен удар и пржење во левиот бут.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во последен момент го одбегна силниот удар со ногата. Се преврте дватрипати.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Силен удар со глава. Тоа ѝ ја врати свеста и ја постави на нозе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Силен удар на тупаница му замагли очи. Втората тупаница го кутна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чувствува силни удари на цврсти војнички кондури и кршење на ребрата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Некој удираше со тешката потковица со силни удари кои одекнаа низ целата куќа. .
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но од сѐ што загуби, најблиската рода, куќата со бавча крај Езерото, по силните удари на судбината откако ја минавме границата, тврдеше дека најмногу добивала неговата душа, станувала појака.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мачнината ја засилуваше овој силен удар да се наруши хармонијата на универзалното верување, на вечното човеково право на верување во недофатната минливост.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Меѓутоа, по Руско-турската војна (1877-78) и на ова производство и трговија им бил нанесен силен удар.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)