син (прид.) - боја (имн.)

Дури и светиот чин на сликањето е сведен на буквална дескрипција на целиот процес (“Ја земам мојата сина четка и нанесувам малку сина боја во едниот агол”), додека цела една глава (“The Tingle”,”Пецкање” или “Штипење”) е посветена на телефонскиот разговор во кој Б ѝ раскажува на А како го чисти апартманот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога стигна до таму да ми раскажува за она што одеше на телевизорот пред мене, ја прекинав.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Додека го слушате текстот имате впечаток дека случајно сте упаднале во нечиј телефонски разговор со што всушност почнува и Филозофијата...:” Се разбудив и ѝ телефонирав на Б”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Небото имаше потопла сина боја од кога било таа година и одеднаш долгата вечер исполнета со врева во Центарот, здодевните, исцрпувачки игри, предавањата, врескавото другарство подмачкано со џин, му се сторија неподносливи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Две мали црни точки кои едвај се одделуваа од сината боја на небото, се покажаа на северната страна. Борко го закова погледот за нив.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Чадливата сина боја има некоја несовладлива привлечност. Па сепак не знам на што сум.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Можеби восхитот наш ги исплаши тие сини бои во прелевање што бегајќи од кафезот на восхитот залутаа еве ненадејно во примката на зборовите да говорат за убавината на летот и за осамата на мирувањето.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Облечена беше во сукња од румено-кафеав материјал, нозете голи до височко над колената и со разградена свилена блуза во морски сина боја под која воздивнувачки немирно лежеа нејзините невидливи дојки налик на трајно вознемирени мачиња.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа се протна низ подотворената пола на портата, ја испешачи патеката до влезниот и се најде на терасата пред двокрилната дрвена врата на која беше одвај распознатлива некогашната сина боја на која некрологот поставен и тука делуваше како новина на куќата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тамам минуваше крај една висока авлија преку која се надаваа бујни јорговани и над којашто се извишуваше трикатна куќа со фасада на којашто преовладуваше избледена сина боја со два балкона искомбинирани од мермер и ковано железо, чу како крцна дрвената порта на горниот крај на авлијата, украсена со ковано железо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
До островот стигна со чунот, чија сина боја се лупеше.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Александар не можеше да се воздржи, ја крена главата и виде како еден поголем кристал ја прелева светлината во мешавина од лилава и сина боја.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Како кога на час по ликовно сакаш со водена боичка да нацрташ небо, па од четката ќе ти се разлее поголема количина сина боја и потемна одошто си планирал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таков господин: со шарена американска кошула што се носи преку панталони, со темни очила за сонце и неколку влакна на ќелата, во бели ракавици на воланот од отворениот кабриолет во небесно сина боја.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Две момчиња го варосуваа белото лице на осаменото кафеанче.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вратите и рамките на прозорците ги боеја со азурно сина боја, според андалузиската традиција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги паметам двокатните куќи изградени со делкан камен, покриени со турски керамиди и прозорците обоени со сина боја.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Господ еден ќе знае колку лудите доаѓале до сината боја, но познато беше дека им дејствувала како многу полезен лек.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Воопшто сѐ што беше правено во боја беше сино. Сината боја доминираше на ѕидот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И виолетовата боја на светлината ја плаши, а сината ја намамува иако нешто ѝ кажува дека треба да бега од пријатната сина боја и утеха да бара во начната виолетова боја.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Торонто, февруари 1989 ЧОВЕКОТ ВО СИНА ОБЛЕКА Секому веднаш му паѓаше в очи по својата отворено сина боја на облеката.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Потоа тато ќе ја обои куќата: покривот со црвена боја, ѕидовите на куќата со жолта, прозорците со кафеава, тревата околу куќата со зелена, а небото со сина боја.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ако имаш искривено огледало, во него можеш да ја видиш таа сина линија, повлечена, наталожена точно врз горниот дел на видливите нешта, на нивниот хоризонт: како со широка четка, на која е нанесена сина боја, повлечена од рацете на уметникот врз платното.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Најниско е сината боја што ја содржи тајната на постоењето, но под синилото има еден празен простор кој е безбоен, невидлив.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)