А потоа пак е исто: пругата, ридот, тополата, куќичката и небото, сино или темно.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Пред влезот на секое гратче се наоѓаше неизбежната бензинска станица, со црвени, сини или жолти пумпи, а можеби и мотел, а потоа доаѓаше самото гратче, со продавници на двете страни од патот, а можеби и сива стара црква изградена многу одамна, и по неа следува, сега анахронично бочно припиени со челик што не ’ргосува, ресторан и продавница за автоделови.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- А како бре, главчо, ќе ја истресеш или ќе ја излижеш од себе таа миризлива бела или сина или каква друга кралска сапуница? А? Добро вели човекот. Под туш! Само под туш! Раскажувај, другар!...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)