Кога Марко и Едо влегоа внатре, од собичката во аголот излезе еден човек налик на плашило за чавки, целиот свиснат врз самиот себеси, со конзерва пиво во едната рака и со другата напикана во големиот џеб од елекот облечен на голо – слаб, со испиени образи како да гладува, подвиткан, со сипаничаво лице и ретка, права, немиена, пуштена руса коса што му паѓаше на сите страни на лицето.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Гаварите по руски? — Не, велам. — Милате тин елиники 29, прашува мајорот со сипаничаво лице.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се покажувам и јас во собата и шетам со очите: на една кожна фотелја седи русокос мајор, на бирото полковник, а онака, настрана, уште еден мајор со сипаничаво лице.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сипаничаво лице, од кое гледаа две ситни очи, чиниш полеани со зејтин, му беше ветено на некој светец.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
А исто знаеше и за Попставревци, колку многу брзаа да ѝ најдат маж на Викторија, која остана, до својата 32 година, немажена поради своето ситно, сипаничаво лице и малиот речиси детски раст.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)