Ги бранел наводно сиромашните семејства, пред окупаторските италијански власти, сочувствувајќи со нивната судбина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Речиси сите сиромашни семејства се среќни или несреќни на ист начин.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А и самиот Чанга, како и другите козари, можеа со два прча, да ги задоволат сите кози од стадото, но тие беа солидарни со сиромашните семејства на козарите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сиромашните семејства се среќни или несреќни секогаш на ист начин.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тука од сите заборавено живееше едно мошне сиромашно семејство: старец и старица, со козле, децата одамна им беа на печалба, ни трага ни глас од нив со години.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Макар што кај сиромашните семејства стравот влегува од едната, а излегува од другата врата, нас речиси однапред нѐ поразуваше помислата дека некој може да ни ги одземе, да ни ги убие козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Има секогаш во детството на сиромашните семејства еден долго, долго посакуван, очекуван миг кога се отвора вратата на судбината што треба да води кон подруга иднина.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но единствено е сигурно оти богатството на сиромашните семејства се децата, животот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Пред празници, особено пред Бајрам, таа собираше од сите нас стари, но и нови облеки и им ги делеше на сиромашните семејства.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)