Од картезијанска гледна точка, знаењето во „прво лице“ на психолошките состојби е непроблематично, бидејќи кон нив ни е отворен директен и транспарентен пристап, додека знаењето за нив во „трето лице”, како и знаењето на она за што обично сметаме дека го претставуваат, е мошне проблематично, како што покажуваат скептичките аргументи.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Оваа перспектива, како што е познато, укажува дека во определувањето на тоа што некој знае, треба да се започне со приватните дадености во неговата свест, од каде треба да се започне процесот на надградување, кон заклучоците за она што може да постои покрај нив; идејата е дека на тој начин човек барем започнува со нешто непогрешливо и несомнено.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)