Исто така, поразително е сознанието дека македонските су- дии, дури и оние од повисоките судови, образовани во духот на правниот позитивизам, при [не]примената на гарантираното т.н. сиромашко право, за чиешто искористување е потребно да се соберат еден куп документи – не ја следат ниту судската пракса на Европскиот суд за човекови права, чијашто јудикатура е задолжителна за сите полноправни земји-членки на Советот на Европа, меѓу кои е и нашата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
304 Револтот и сомнежот за корупција во редовите на овие јавни функционери и службеници, кои се блиски до локалните моќници, а којшто е јавна тајна меѓу работниците, и кој на моменти оправдано преминуваше во отворен гнев и презир – со право, пред нас, ја постави дилемата дека, во наредниот период, треба да направиме студиозно истражување на оваа доста загадочна и мошне скокотлива тема.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, Судот од Стразбур, со пресудата Креуз vs Полска 28249/95 од 29.V.2001, веќе го санкционираше прекршувањето на човековото неприкосновено „право на суд“ за сметка на правото државата да си ги наплати судските такси.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)