скопски (прид.) - чаршија (имн.)

Тој сакаше да му предложи на Татко потрагата по заемките на занаетите и занаетчиите да ги побараат, такви какви што останале, во старата скопска чаршија до денешни дни: бакалите, берберите, бичкиите (ножарите), бозаџиите, бостанџиите, гајдаџиите, дограмаџиите, јорганџиите, казанџиите, калајџиите, касапите, кондураџиите, папуџиите, кујунџиите, терзиите, џамџиите и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ама новинарот уште вели: Градските татковци ветуваат дека идната година ќе постават украсни светилки да се врати убавината и сјајот во старата скопска чаршија.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Куц, куц, ама тој докуцка не само до панаѓурот, ами и до тие две илјади прочуени дуќани на скопската чаршија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Камилски губеше трпение дека ќе може да стигне да ги опфати сите заемки за кои се ангажира да ги набележи на следната средба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)