скршен (прид.) - денар (имн.)

Пијаниците се без скршен денар и се јавуваа сѐ додека не си ги потрошија кредитите.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Без некои посебни подготовки и вештини, со низок IQ и без скршен денар, само со "врски", тој успева да ја изврши задачата и да ја добие наградата, која се состои од пари, слава и најдобрите жени.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Метакот, пак, немаше скршен денар во џеб и беше класичен пролетер, а одењето во затвор само би му ги кренало акциите и би станал македонски Тупак, но знаеше дека Шајчевска блефира и си ги крева сопствените акции, а основ за тужба има толку колку што Обама е миротворец.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Така, сопственикот на оваа фирма, за времето додека Митревски работи во хотелот, како што кажува самиот: „не даде скршен денар негови пари“ за исплата на плати на превземените работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Битно е да се истакне, а согласно кажувањата на Митревски, дека платата им е плаќана од средства што Министерството за култура, наводно, тајно ги уплаќало на сметката на С.Р.С. ДОО – Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)