- Не, јас веќе никому не ќе пуштам крв, рекол со напнат глас.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сеедно, под едниот ѕид на урнатината (тоа сепак биле остатоци на манастир) Онисифор Мечкојад, величествениот гениј на ножот, стоел под светлоста на запалено парче од скршената оска.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ни тогаш ни подоцна не се разјаснило дали Онисифор Проказник не знаел дека тоа ќе се случи или чекал најпрвин да се случи па потоа да се обиде да ги сврти луѓето против другиот Онисифор.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеби за миг погледнал во избраникот на игуменијата Минадора и можеби видел дека тој е третиот што ќе му помогне на качарот Никифор да ја смени скршената оска: така е, тој мајчин син бега од неволата на болниот Неделко, се прави удрен.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)