Го држеше дома повеќе и поради неговото слабо здравје, не го пушташе на училиште иако веќе беше ја фатил осмата година.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Андон третпат не откажа, иако слабото здравје не му дозволуваше да пие.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Кога оздраве Богуле и се врати во интернатот, го викнаа и внимателно, полека му кажаа дека татко му е умрен, му ја подаде телеграмата и му изрази сочувство жулнувајќи го со рака по главата нежно, татковски и молејќи го да најде сили во себе да ја издржи оваа болка, оваа тага; му рече дека знае колку е тешко и жално да ти умре родител и колку мачно се доживува тоа, но што може да се прави кога е тоа веќе факт, кога не може ништо да поврати, ништо да стори; со плачење и со тагување може само да си го довлоши и онака слабото здравје.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)