Занесувајќи се во одењето, слаб или пијан, ни се доближи и без да нѐ погледне, замоли: - Ќе ме пуштите ли? Колку да се погреам.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Свесен дека го бие глас на слаб или никаков педагог (сега измислија и нов збор - методичар), Гого не му се мешаше многу во учењето на синот што му беше пошол по стапалките, освен што со едното око ќе ѕирнеше во неговиот блок - да види до каде е.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Играчите, без оглед какви карти добиваа, слаби или силни, си прикажуваа за старите времиња, за моќта на семејствата, за изгубените имоти, ниви, куќи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)