славен (прид.) - партија (имн.)

Измамија империи и освојувачи да ја покорат и разделат албанската земја, но не можеа да ја измамат нашата славна партија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нашата славна партија, која успешно го водеше народот во борбата против фашизмот, лесно ќе се справи и со козите, тие бели ѓаволи, со кои се служи нашиот класен непријател.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Најпосле музиката се стишува, а од ѕидовите ечи силен глас: - Другари посетители, ги запознавте тајните на нашиот славен Атеистички музеј, единствен од таков вид во светот, историско сведоштво за победата на нашата славна партија над троглавиот Бог во нашата судбина...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но се најде спасот, не од триконфесионалната толерантност, туку од историската интервенција на нашата славна партија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој сакаше да ја потчини нашата славна партија, прекалена во голе­мите битки во борбата против фашизмот, сакаше од нас да стори робови, ние не се предадовме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А.А. охрабрен од својата мисла продолжи: - Нашата славна партија ништо не препушта на случајот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)