Исхраната, мој Камилски, има многу заемки за означување солени и слатки јадења, како и пијалаци, кои се употребуваат и денес од поголемиот дел на населението на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сепак си во право, да го оставиме овој разговор за други времиња, да се вратиме на османскотурските заемки, кои се употребуваат до денешни дни за означување разни солени и слатки јадења, како и пијалаци.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски не очекуваше ваков крај на мисијата. Тој честа да реферира за заемките на исхраната му ја препушти на Татко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Турската кујна денес во светот останала позната по многубројните ориентални специјалитети и кулинарска вештина, оставајќи длабоки траги во готвењето кај балканските народи, но и во лексиката со богата турска кулинарска терминологија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тешко на тој што не знае што е сиромаштија, вели дедо, оти никогаш не ќе дознае колку е слатко јадењето кога си изгладнет.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)