следен (прид.) - година (имн.)

Сепак, дозволува тој да се појави во верзијата на делото која излегува следната година со текст на германски јазик и превод на англиски од Огден.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Германскиот превод на Раселовиот вовед бил изоставен, бидејќи Витгенштајн сметал дека воведот би бил површен и полн недоразбирања доколку би му се одзела елеганцијата на Раселовиот англиски стил.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Затоа едвај чујно, со ненадејно пресушените усни, седумпати ја промрморува пасхалната желба „Leshana Haba‘a Bi‘rushalayim!“ 3 со која си посакува (и) следната година да оди во Ерусалим, точно во моментот кога стјуардесата поминува со тесната количка низ коридорот на авионот со задреманите патници, нудејќи им го на будните вториот окрепнувачки пијалак, но брзо го одминува белобрадиот рабин кој мрмори со усните помислувајќи дека тој се моли.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Луј Фердинанд Кога 1981-та во извонредната Нолитова библиотека на романи, се појави Патувањето на крајот на ноќта, тоа беше толку значаен културен настан што следните години целата тогашна книжевна сцена на СФРЈ беше обележана со генијот на Селин.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ако тие цветаа и следната година, и покрај расечените стебла, до самата срж, од ударите на камионот, ние сигурно ќе го дочекаме и следното цутење на јоргованите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во секој случај, напишана е 1948-та, долго е преработувана (познати се три верзии на првиот чин и барем три различни наслови: Рафал, Фролик и, уште почудно, во стилот на повоените американски криминалистички филмови, Нивната дрскост беше славна), ветена, со договорот од 21 октомври 1948, на издавачот Марк Барбез, кој драмата требало да ја објави следната година во списанието Arbalete.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Следната година, бевме уште повисоко рангирани.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Колку ѝ било тешко тоа чувство дека тој се оженил и живеел со друга жена, толку се радувала и плачела во исто време кога следната година разбрала дека му се родил син.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Со месеци во нивниот дом единствена храна биле лебот и солта, а кога им останале уште само неколку заграби брашно, решиле да се преселат во Виена, каде што Јакоб Фројд почнал да му помага на таткото на Амалија во трговијата со ткаенини.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во 1856 година, во изнајмената соба над една ковачница, во која живеела со сопругот по венчавката, на свет го донела Зигмунд, следната година го родила Јулиус, кој умрел осум месеци подоцна, а потоа се родила Ана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На сета исцрпеност од мачењето што трае со часови во предродилната сала, каде освен блискиот „дејт“ со сопствените маки, сведок сте, сакале или не, и на малтретирањето на сите што решиле токму денес да слават роденден во следните години, да сечкаат за „руска“ и „француска“, да месат кифли од киснато и лиснато тесто и да матат жолчки и белки за Васина и Реформ торта.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дури благодарение на случајно читање на еден труд на лингвистот К. Абел, што се појави како посебна брошура 1884 година, а следната година беше вклучен во авторовите Расправи од науката за јазикот, започнав да ја разбирам особената тенденција во работата на сонот - занемарување на порекнувањето и со исто средство на изразување, презентирање на она што е спротивно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во почетокот на јануари следната година претстоеше пат во Америка, на универзитетот Wesleyan.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Првиот помошен (assisted) редимејд, тркалото од велосипед - кое, сметам, има врска со велосипедите во Мажјачиштето, и со Жариевата страст кон велосипедизмот - беше изведен следната година, 1913.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Следната година отидовме пак во САД. Овој пат во Сиетл.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Но, во 2006 година беше укината исплатата на овие надоместоци во случај на ликвидација на правното лице (чл. 5, ЗИДЗПИО/06), а во врска со другата основа, престанок на правното лице поради стечај, прво, со измената и дополнувањето од 2006 година беше прецизирано дека исплатата ќе се остварува по престанокот на правното лице, освен кога стечајната постапка трае подолго од две години (чл. 5, ЗИДЗПИО/06) за во следната година да биде укината исплатата и по оваа основа (чл. 19, ЗИДЗПИО/07).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со него престана да важи ЗИТ (1985), освен оние негови одредби што се однесуваа на инспекцијата на заштитата при работа, кои престанаа да важат следната година, со донесувањето на Законот за заштита при работа. 4 Што се однесува на правата на работниците, особено е важна одредбата на ЗИТ (1997) според која инспекторот е должен да го земе во постапка секое барање на работникот заради остварување, односно заштита на правата од работниот однос и заштита при работа (чл. 16, ЗИТ/97).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Следната година, со донесувањето на ЗИПДНД од 1993 година, ваквите одредби повеќе не се предвидени во законот и наместо тоа е воведена категоријата „плата по работник која претставува основица за пресметување на даноците и придонесите од плата“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Шесто, во 2004 година, како основа за престанок на правото на паричен надоместок, покрај затекнувањето на работа од страна на инспекциски орган (чл. 77, ЗВОСН), беше додадено и работното ангажирање на невработеното лице како и вршењето дејност од негова страна (чл. 15, ЗИДЗВОСН/04), а со промените од следната година беше дополнето дека при таков случај ќе биде запрена и исплатата на паричен надоместок (чл. 6, ЗИДЗВОСН/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Секоја следна година ќе биде сè поголем, повеќе ќе разбира.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
По игра на случај, застанаа пред излогот на една книжарница во кој, меѓу другите книги, се наоѓаа и бројни трудови за разни врски меѓу науката и уметноста: Уметност и физика: Паралелни гледања на просторот, времето и светлината од Ленард Шлејн; Книжевноста во квантниот космос на Сузан Стрела; монографии со величествено сложените Манделброови фрактали, како компјутерски генерирани, така и фотографирани во нивните многу­бројни природни манифестирања; конечно, mirabile dictu, календар за следната година илустриран со Да Винчиевите цртежи на разбранувана вода.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во таков дух, и со веќе традиционално делумно променет изглед, Маргина ќе се појави и следната година, вака или онака, порано или подоцна. G.N.Om Од последниот роман на Вилијам Гибсон, Virtual Light, господинот П.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сега гледа дека календарот е отворен на февруари следната година, кадешто графиката детално прикажува еден вртлог.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се зборуваше дека следната година татко ѝ и мајка ѝ ќе ја поведат назад на Земјата; таа сметаше дека тие тоа треба да го сторат, иако тоа чинеше илјадници долари.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
За „престорување” во дедо ми.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во следните години јас добивав бранови од возбудување на помислата за „наследување” на дедо ми.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Големиот црвен кауч, оној кој ќе биде толку многу пати фотографиран следните години - оној црвениот, кој го искористивме во толку многу филмови - Били го најде токму пред “Y”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Двајцата го знаеја секој пејач - мислам пејачите за кои никој порано не чул - и постојано ги обиколуваа продавниците со плочи барајќи некои стари или приватни изданија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За мене тоа беа најтешките, најопасните години.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Били имаше око за отпад; го снабди целиот Фектори со работи кои ги пронајде на улица.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Следната година, во деветнаесеттата, кога како бруцош се запишав во Louis-le-Grand, тоа просто беше моето прво патување во животот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ирвинг беше еден од првите кои Иван ги донесе во моето ателје, и секако, кога ги виде моите слики, умре од смеа, но веќе следната година се врати, бидејќи виде дека Кастели го презема Лихтенштајн , и ми понуди изложба.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Јапонски дизајнери ни телефонираат од Токио и нѐ прашуваат која ќе биде бојата на следната година.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Нам, на “Маргина”, ни останува во следната година да бидеме уште подобри, да ги исправиме покрупните слабости, да зајакнеме “кадровски и економски”, едноставно да се обидеме да преживееме (така, на штрек, “милитаристички опуштени” и “одговорно анархични”), не губејќи ништо од она што го сметаме за своја маргинална суштина. Г. Н. Ом okno.mk | Margina #10 [1995] 7
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Жилберт & Џорџ: Ние сме популарна култура. Секогаш ќе постои креативна, инспиративна мисла.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Така почнав да сликам пари. (...) Моите Зелени Графики и Конзервите Кемпбел супи беа по галериите ширум Њујорк, но својата прва самостојна изложба ја имав во Лос Ангелес во галеријата на Irving Blum, 1962 година. (На таа, првата, не отпатував, но отидов на онаа следната година).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
_____ 5 Бегалците се радуваа што дедо Господ ги немаше сосема заборавено штом приближувањето на следната година го проследуваше со топло време, нека потрае, нека потрае, си велеа, дрвцата од социјалното пламнаа со првиот голем снег, убаво е штом северецот го замени југот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Доживеа радост оти Господ ги благослови со ќерка што ја крстија Зоја, ама следните години беа само црна кр во неговото срце: Павлина закандиса туберкулоза и сега деновите ги минува во санаториум, а Зоја е оставена во рацете на дебелата Божана, втората жена на Бориса, неговиот татко.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)