Но, што ти крепи духот кој што е основа за здраво тело? - беше моето следно прашање. - Молитвите мои!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тој одговор води кон следното прашање: зошто изгледот нè мами?
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Читателот ќе забележи дека прашањето не гласеше „Кој го знае одговорот на следното прашање?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Затоа одговорил дека слушнал, а на следното прашање одговорил дека гласот бил машки.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
На часовите по аритметика учителката обично прашува: Кој би сакал да даде одговор на следното прашање?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Но и тој одговор нè води кон некое следно прашање: зошто изгледот всушност нè лаже?
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Кочишки го поставуе следното прашање...
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Следните прашања даваат пример само на некои од формите коишто можат да ги имаат овие прашања од нивото на свесност.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тоа се прави преку изведување на значење во нивото на свесност на тој начин што: ... верувањата и желбите на луѓето стануваат доволно кохерентни и добро организирани за да заслужат да бидат наречени животни определувања или „начини на живот“, и на таквата кохеренција се гледа како на „диспозиции“ кои ја карактеризираат индивидуата. (Bruner, 1990, стр. 39)
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
-Дали тоа е некоја борба меѓу луѓето – кој повеќе да земе? –беше следното прашање на Еразмо.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
-Што ќе измислиш сега во своја одбрана? – беше следното прашање на Ирена.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Откако ќе се разбудеше, тргнувавме кон атељето на некој сликар, за да прашаме дали ги запознал, дваесетина години пред тоа, сликарот Фридрих Рихтер и неговата сопруга, но никој од нив немаше чуено за нив, и она следно прашање: „Од кого тие го посвоиле детето?,“ остануваше непоставено.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Рајнер го беше посетил и доктор Ауербах, кој некогаш во детството го лечеше од очај, но Фридрих Рихтер и нему му немал кажано дека синот бил посвоен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
При решавањето на ова прашање не треба да се забораваат и следниве прашања: кои наречја од српскиот и од бугарскиот јазик се признаваат за најтипични за овие јазици и кои нивни особености се признаваат за најкарактеристични за едниот и за другиот јазик?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- Да! - знаејќи го следното прашање, Јана му го даде одговорот: - Имотот ми е во наследство. Припаѓал на некој Германец.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сепак, за многу луѓе ова бара одговор на следното прашање: може ли ова огромно множество на шеми (или милијардите неврони) да работат кохерентно за да произведат личност, свест и јасство.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Но дали е тој виновен, беше следното прашање на кое застануваме како пред ѕид.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
„Ја мачевте ли?“ О'Брајан го остави без одговор. „Следното прашање“, рече тој.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Се разбира дека нема. Како може да умре? Следното прашање.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Тоа го знам! – му излета („тука беше искрен“, си се пофали, ама патникот како ништо да не забележуваше, тука само го чекаше следното прашање). – Па, те стигна ли?
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- Каков град, види ја државата бе. Никој не води рачун за ништо.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
А-га-та. Агата – свечената белина на паузата го исчекува следното прашање: Колку деца имал Самоил? 8,30 – 9,15: Мики е сè уште во вода до колена, со цигарчето што чади, а не се смалува.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Само тоа ги интересира – кај мрднал претседателот, кај прднал министерот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тој забележува дека фразите доаѓаат во фамилии, често бинарни фамилии, и тврди дека една фраза го има своето значење благодарение на нејзината поврзаност со останатите фрази од таа фамилија, и, особено, поради нејзиното разликувачко место во фамилијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Следното прашање е очигледно: Ако нештата немаат значење благодарение на означувањето на трансценденталните означени, како тие имаат значење?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кога Дерида ја одрекува присутноста тој го одрекува постоењето на некакви ентитети што засновуваат значење, затоа што или самите ентитети не постојат или, ако постојат, тие не можат да функционираат на бараниот начин. 58 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во врска со ваквото разбирање на уметноста, каде делото престанува да биде плод на премислувањето и изградувањето на заокружени хармонични структури, туку станува место каде се вкрстуваат и содејствуваат енергиите од разните учесници во инсценираната уметничка можност, една “ad ehtremum” проширена и отворена форма, се поставуваат следните прашања: Ако се укинат сите меѓи и се отстранат сите мерила. т.е. ако се тргне на страна сечиј личен став за нештата да се препознаат со сета своја изворност, не се паѓа ли тогаш во положба на афирмативно и паушално конзумирање на било што?
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Пела не го изговори следното прашање веднаш, туку многу подоцна, пред да се преселат кај мајка Перса, и, од нејзиното слатко усте кое кога ги пропушташе зборовите од десната страна создаваа едно мило дупче, не го изговори ни како прашање, туку како чудење Зар има поубава од тебе, мамичке?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Си бил патник во еден пароброд, кој пред една недела изгоре“ - било следното прашање.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Бевме сами дома и тамам јас очекував да почне да се интересира за моите дневни новости, таа сосема мирно, како да ме прашува дали сум гладна, го изговори следново прашање: - Бреза – праша со обичен глас – дали мислиш дека ќе можеш да се спакуваш до утре, за во среда да заминеме за Париз?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се оладив. Се здрвив. Мозокот ми се укочи. Срцето ми застана. Го изгубив гласот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)