слеп (прид.) - послушно (имн.)

Георг Грос, кој два пати бил изваден и два пати упатен во болници за нервни оболувања, реагираше на шовинизмот и слепата послушност, како и на придружните појави на војната - развратот, криминалот, проституцијата, здивеаноста - со своите агресивни чкрабаници што не се воздржуваат од светогрдие.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Никој од децата од улицата не знаеше кој е Вице Вуков, па се чудеа на мојата слепа послушност.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во последно време тој често се подсмеваше на нашата слепа послушност кон задолжителните патокази на стварноста. – На сите ни е неопходна нотичка позитивна лудост – ми рече, а потоа ја испразни својата трета чаша црно – Ми се чини дека јас сум веќе сосема близу.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)