Кога архиепископот доби закани од генералот Штроп дека ќе биде изведен пред стрелачки вод поради неговото интересирање и помош кон Евреите од Атина, Хрисостом се сети на бестрашните зборови на пименархот, веќе одамна подготвен и решен на саможртва доколку за неа се покаже потреба: *„Иерарсите на Грција не се стрелаат, се бесат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Барајќи решение, владиката размислуваше за успешната битка што по сличен повод веќе ја водеше неговиот духовен предводник, атинскиот архиепископ Дамаскин при кого Хрисостом ги помина тешките месеци на својата интернација.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)