Камилски се вдаде во проучување на историјата на кинескиот порцелан, небаре заборавајќи дека го очекуваа и други зборови со слична или со уште покомплицирана историја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Да“, рече Дипен; „и кога го прашав момчето на кој начин го постигнува тоа целосно идентификување, во што и се состоеше неговиот успех, го добив следниов одговор: ’кога сакам да погодам колку е некој мудар, колку е глупав, или колку е добар или лош, или пак што мисли во даден миг, го сообразувам изразот на лицето што е можно поверно со изразот на неговото лице и тогаш очекувам какви мисли или чувства ќе ми се родат во главата и срцето, слични или соодветни на тој израз.’
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- Веднаш потоа неколку слични или наполно исти гласови да ја повторат таа самоучка и во тој миг измислена молитва или трепетливо каење пред суровоста на искушенијата - Господи, не заборавај нѐ, - и часкум им се сторило дека врз нив паѓа млака светлост, чудотворен оклоп на нивните верувања.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но не можеше да му одолее на предизвикот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ненадејно еден глас чудно издупчен од ветар и од уплав, и пак со дива вера во себе, брзо, побрзо отколку што може да се изговори, рекол - Господи, не заборавај нѐ!
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)