Јас ги поттикнувам да зборуваат за своите проблеми, преку слободни асоцијации, низ спонтан разговор, за да можам да стигнам подалеку од симптомите на нивната болест – до траумите од детството кои заедно со примарните нагони се закопани во нивното несвесно, и така да дојдам до вистинско разбирање на нивните болести и до излекување на пореметувањата кои се јавуваат кај нив во процесите на чувствувањето, мислењето и однесувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Бидејќи претопувањето на тоновите во звучна целина веќе е нагласено во фразите, тоа ги поттикнува склоповите на слободни асоцијации, па Дишан почнува нова употреба на игрите со зборови.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Благодарение на тоа што внимателно ги слушав моите пациенти, дојдов до важни сознанија за тоа како функционира човечкото суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа не значи дека сме колектив, туку слободна асоцијација на индивидуалци.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Можам само да наведам некои присеќавања, да опишам по некоја слика, да ги надоврзам кон неа сопствените слободни асоцијации и можеби малку да спекулирам.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Беше задолжена на својот претпоставен да му пренесува што повеќе детали за Ема, посебно за нејзината врска со мажот што ја прибра во својот дом и за нејзината евентуална вклученост во секторот на слободни асоцијации во остварувањето на целите за легализација на проституцијата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)