словенски (прид.) - потекло (имн.)

Македонскиот народ не толку има нужда, барем сега-засега, за официјален јазик на мнозинството, за генерал-губернатор од народноста со мнозинство и за слободен печат, колку: за отстранување или парализирање на дејноста на националните и религиозните пропаганди; за отстранувањето на непријателството меѓу приврзаниците на разните национални и религиозни пропаганди; за отстранување на таа недоверба и обособеност што е сега меѓу македонската интелигенција воспитана во разни балкански државици и им служи на религиозно-националните пропаганди во Македонија; за официјално признавање на македонската народност и за внесување на името “Македонец” во нуфузите и во другите официјални документи на лицата од словенско потекло во Македонија; има нужда за земјиштен дел, како што на селаните им беше доделена земја при укинувањето на крепосништвото во Русија, Галиција и во др. земји.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние треба да создадеме таква положба – да нема во Македонија ни бугарски, ни српски ни грчки интереси, зашто таму нема Бугари, Срби и Грци, ами има само Македонци од словенско потекло и некои други македонски народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Учителот правеше пауза да види како го следат и продолжуваше: - Жителите се од словенско потекло... Македонци... Ќе се уверите и самите...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На банкетот со акламација била прифатена дадената иницијатива за свикување конгрес на кој ќе се изврши обединувањето на Американците од словенско потекло.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Поради тоа американската администрација врз себе ја презела одговорноста да посредува во некои постојани несогласувања и отворени прашања што се појавија меѓу иселениците од словенско потекло во почетокот на Втората светска војна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Иницијативата била поздравена и од претседателот на САД, Ф.Д.Рузвелт, кој во писмото упатено до секретарот на Словенскиот комитет, Георги Пирински, го изразил своето задоволство од високиот патриотизам на детроитските Словени.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Несомнено, процесот на обединување на Американците од словенско потекло не бил ниту малку лесен од причини што големиот број иселеници со себе ги носеле политичките и националните судири со кои биле оптоварени земјите од кои доаѓале во САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Еднодушното решение на делегатите да ја поддржат кандидатурата на Рузвелт, кого Американците од словенско потекло го гледале како приврзаник на зацврстувањето на американско-советската соработка, претставувало најконструктивната акција на Конгресот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со надраснувањето на тие спротивности Американско-сесловенскиот конгрес успеал да ги стекне симпатиите на американската јавност и народ за својата работа и за борбата што ја воделе нивните сонародници во стариот крај.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, со почетокот на војната, пред милионите Американци од словенско потекло, како основна задача, се наложи потребата да се вклучат во општите напори на американскиот народ за организирање одбрана против силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие, исто така, требаше да послужат како врска меѓу словенските народи и широките народни маси во Соединетите Американски Држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во деновите на почетокот на светскиот судир, во САД живееја околу 15 милиони Американци од словенско потекло, кои со себе ја пренесоа националната и политичката разединетост од старата татковина, што беше една од основните причини за постојаните несогласувања меѓу иселеничките словенски групи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Обединувањето на самите Американци по јапонскиот напад на Перл Харбор можеше да се смета за завршено, но пред американската администрација се постави едно крупно прашање, како да се обединат големиот број Американци од словенско потекло, кои претставуваа основна работна сила во индустријата на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како пример ќе го наведеме разговорот на Елмер Дејвис (претставник на Уредот за воени информации) и Ален Крестон (директор на Уредот за странски јазици) со претставниците на српските и хрватските иселенички групи, одржан на 18 септември 1942.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)