сложен (прид.) - прашање (имн.)

Не, оваа помисла не ми наиде случајно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но тој повторно е зафатен со темницата во прозорецот а јас… јас навистина се плашам дека може да се случи и на глас да го прашам дали верува дека неговото професорско однесување може да придонесе во разрешувањето на сложените прашања и дилеми сврзани со мојот случај, во кој наивноста и брзоплетоста заземаат најзначајно место?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели токму наивноста и брзоплетоста, иследникот ги беше спомнал како можна олеснителна околност уште при првата наша средба, а јас наивно ги бев протолкувал само како понуда обвинувањата да се сведат на размена на пријателски размислувања и на еден вид другарска помош.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Господи, госпоѓа Родна, тоа е сложено прашање“, забележува мирно, но некако брзо и подготвено татко ти, како да очекувал токму за овој проблем да се расправа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но јас се обидувам да го разберам неговото разбирање на литературата како “синтаксички факт” (“Ла литература ес фундаменталменте ун хецхо синтацтицо”), и неговото често наведувано уверение дека “нестварноста е состојба на уметноста” во врска со неговото признавање дека е несреќен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во еден ран есеј од 1939-та, Борхес веќе го оцртал правецот по кој неговата проза конечно ќе тргне: „Да го признаеме“, вели тој, „она што го признаваат сите идеалисти: халуцинаторната природа на светот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Исто така се обидувам да го разберам неговото непопустливо одбивање да се соочи со стварноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Освен што тоа звучи наопаку, тоа би било грубо и претерано поедноставување на едно мошне сложено прашање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)