сложен (прид.) - палестински (прид.)

Ме прими срдечно, топло, како да сме се познавале многу одамна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се соочував со сложеното палестинско прашање, како предизвик во животот и функцијата која ми беше доверена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тој период повеќе бев книшки внесен во сложеното палестинско прашање, во драмата на блискоисточната криза, во комплексните меѓусебни односи на арапските земји, во силните влијанија на големите сили, во стратегиската линија на неврзаните земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Времето на блиското пријателство меѓу Арафат и Дарвиш, кога ќе ги обединува истиот идеал - слободата на Палестина, според прагаматичната стратегија на семоќниот и авторитетен водач и идеалите на Махмуд Дарвиш, се совпаѓаше со времето од крајот на мојата младост и некогашните идеали - храбра понесеност, верување во универзална правда и хуманост, но и со доверената мисија, како највисок преставник на една голема држава на Балканот, обединета од своите национал-етнички сегменти, кои никогаш нема да се артикулираат во федеративна држава-нација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)