Покрај тоа, како докажан мајстор на импровизацијата, тој ужива да се поигрува со говорните нијанси, кореспондирање, каракирање.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Си разговараше тој, со пријателите или со случајните намерници (за прв пат со поп и со начитан келнер) ноншалантно за теми од гимнастиката до метафизиката.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Сега живеат од случајни намерници и од попатни гости.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Зашто опслужуваше многу села, и зашто тука, покрај патниците и железинчарите, постојано на чешмата се војваа - во лето: волари, косачи, жетвари и многу други случајни намерници и безделници, а зиме: ловџии, дојдени дури од Прилеп и Битола за да ловат тука, во ливаѓето, во Блатото и во Чепиговски Мртвици, диви гуски и диви пајки.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Длабоко навредените, оскрбените, грешниците, покајниците, осамените, јадосаните, очајниците, неутешените во љубовта и во загубата на најмилото, луѓето исправени пред неизвесноста и ризикот на следниот чекор, животните корабокрушеници, - сите, сите доаѓаа тука и на дивината наоколу, на небесата над Потковицата, на овчарите и на случајните намерници, лелекајќи гласно им ги доверуваа своите тајни и несреќи, своите болки и загуби, своите намери и решенија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И никој поради тоа не ги осудуваше, не ги презираше и не ги земаше на подбив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)