Така, славниот музичар за да и зададе смртоносен удар на желбата што го нагонувала кон пороци, одлучил секое утро, точно во 6 часот, да оди во црква на миса и на молитва.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Овој споменик, кој се шири на огромно пространство, со сета своја впечатливост на мевзолејот, издигнат на една височинка, преку многубројните релјефи, преку фигурата која ја изобразува советска мајка, евоцира сфаќања за големата битка за Берлин, каде што ѝ е зададен конечнот и смртоносен удар на Хитлерова Германија...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сите овие луѓе на кои партијата им беше ветила блескава иднина, само да слезат од планините – за да станат нова класа, работничка класа, силна, челична, виорна, примерна, бестрашна, непобедлива – да ѝ зададат смртоносен удар на победената класа, на нејзините остатоци.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но човеков нема ништо со овие „јаничари“ чиј татко пишува за нивната историја, но синот- наратор до крајот си останува на своето („А што се однесува до мене, јас одненадеж ја почувствував потребата во оваа проклета балканска крчма да одам докрај во разговорот, небаре најден во ринг во кој се разменуваат идеи како смртоносни удари.“).
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)