Деновите се склопчувале, згуснатите снегулки понекогаш го смекнувале студот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Соголената черупка, крвава, исклештена и кобна, врзана во вилиците со последни нишки месо, некој, најверојатно молчаливиот бабачко од Анадол, им ја грабнал на пците и ја наместил на кол пред Али-беговата воденица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таа глава, таква, само со сол во ноздрите и во устата и со вешто врзани бравски рогови на високото чело, ја прошетале на врв копје пред тапани и пред сурли по градот; пред стариот вардарски мост ги преплашиле сакатите просјаци и им ја фрлиле на пци скитници.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Соголената черупка, повеќе насмеана од кога и да било во животот, се намалила без она малку коса и брада што пред тоа се лелееле на ветар и што било знаме на еден крај, сѐ додека некој килав Јаков од Кукулино не се сетил да ја завитка во безбојна крпа и кришум да ја закопа на песокливиот брег на Давидица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)